Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија

Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен.

 Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија.

 Ова е прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин Машинс, која се наоѓаше во Шкотска и го префрли производството на возилата во Македонија.

-Брако и својата ќерка фирма Грин Машинс веќе три години развиваат возила во Република Северна Македонија. Тим од 20 млади инженери, македонски инженери, коишто дел од нив студираа во странство и се вратија во Македонија да помогнат во тој проект. А дел најдобри најдобри студенти од македонските технички факултети развија четири модела на возила и тие четири модели на возила како последна фаза од нивниот комерцијален живот е сертификацијата во Германија за да можат да бидат продавани на светскиот пазар, вели Кочо Анѓушев.

 Mоделот 636, кој е целосно развиен од страна на македонските инженери и произведен во фабриката во Велес, ќе биде носител на ознаката ,,CE” на производот (Conformité Européenne, European Conformity), која значи дека производот ги исполнува сите основни безбедносни и здравствени барања во однос на упатствата на ЕУ и хармонизираните стандарди.

-Овие возила коишто добија сертификат веќе се продадоа на светските пазари. Првите возила овие месеци беа испорачани во Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кореја и сега се спремаат за останатите држави. Практично, Брако и Грин Машин извезуваат во 53 држави и горди сме што тоа е производот со најголема додадена вредност во нашата држава и тоа е производот којшто практично технологија од нашата држава, а не само едноставни суровини и полупроизводи, вели Анѓушев.

 TUV e меѓународно сертификационо тело кое ги сертифицира најголемите светски брендови на возила.

 Сите возила на БРАКО од претходните линии имаат сертификати за квалитет со кои се продаваат на светскиот пазар.

 

01.04.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега