Возачи внимавајте: Одрони на магистралниот пат Скопје-Тетово – три возила оштетени, сообраќајот се одвива отежнато

 

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека преку единствxен број за итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на магистралниот пат Скопје-Тетово, после Карпалак. За настанатата состојба од страна на РЦУК Тетово известена е сообраќајна полиција и ЈП за оддржување на магистрални и регионални патишта и истите известиле дека пратиле екипа со 2 вработени е едно возило се со цел да се исчисти патот.

Како последица на одронот има оштетено 3 возила, но нема повредени лица.

Сообраќајот во моментот се одвива отежнато.

21.03.2023 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа