Водата во Кавадарци да се преврива пред пиење – изворот се замати од дождовите
Водата за пиење во Кавадaрци е заматена и пред употреба треба да се преврива, информираат од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.
Причината за заматаувањето на водата за пиење, како што информираат од „Комуналец“ се обилните дождови на изворите Лукар.
Оттаму велат дека состојбата постојано се следи и дека навреме ќе ги информираат граѓаните за сите промени.
Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, велат дека два дена Тиквешијата е зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец каде се измерени 145 литри на метар квадратен. Тами се излеа и Раечка Река поради што во прекин беше патниот правец за Прилеп.
Од општината го предупредуваат населението да не се движи во близина на речното корито во пределот Раец-Дреново, бидејќи водостојот на реката е сè уште висок и водата од земјоделските површини не е повлечена
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа