Во Владата состанок со институциите за справување со корупција за забелешките од Извештајот на ЕК
Вицепремиерката за политики за добро управување, во соработка со вицепремиерот за европски прашања и евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска во Владата организира состанок со институциите со надлежност за справување со корупцијата, на кој ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија подготвен од Европската комисија.
Како што најавуваат од владината прес-служба, на состанокот воведни обраќања ќе имаат вицепремиерите Грковска и Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и евроамбасадорот Гир. Тој дел ќе биде отворен за јавноста, по што следува затворена сесија, на која, според агендата, ќе се дефинираат целите врз основа на Извештајот на Европската Комисија за 2022 година и динамиката на спроведување на препораките за институциите вклучени во борбата против корупцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа