Во тек е етапната исплата на јунските пензии

 

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 јуни (вторник), информира ресорното министерство.

28.06.2022 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега