Во Србија интензивни разговори за гасната интерконекција со Северна Македонија

 

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Чедовиќ денеска остварила средба со генералниот директор на ЈП „Србијагас“ Душан Бајатовиќ, на која разговарале за планираната гасна интерконекција со Северна Македонија, како и за текот на изградбата на гасната интерконекција Србија – Бугарија.

Во соопштението на Министерството за рударство и енергетика на Србија се наведува дека на средбата се зборувало за наредните фази на проектот за гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија.

Министерката Чедовиќ изјавила дека во претходниот период се преземени важни чекори со цел изградбата на гасната интерконекција со Бугарија да се одвива според планираната динамика.

– Со оглед на тоа што интерконекцијата Србија-Бугарија е од стратешка важност за енергетската безбедност на нашата земја, бидејќи со нејзината изградба ќе го диверзифицираме снабдувањето со гас, важно е да се почитуваат дадените рамки и рокови, со цел зафатите да бидат завршени пред почетокот на следната грејна сезона, нагласи Чедовиќ. 

11.01.2023 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега