Во пресрет на изборниот процес - Пендаровски се сретна со Агелер

Шефот на државата, Стево Пендаровски, во пресрет на изборниот процес, денеска оствари средба со американската амбасадорка во државава, Агелер. Претседателот преку Фејсбук, информираше дека разговарале за политичките случувања, но и за соработката меѓу САД и Македонија. 

„Средба со американската амбасадорка, Анџела Прајс Агелер.
Разговаравме за политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и за развојот на билатералните односи меѓу двете држави.
За нас е важна американската поддршка за продолжување и интензивирање на реформскиот процес во контекст на реализација на европските аспирации на државата“, стои во објавата на претседателот на ФБ.

12.02.2024 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега