Во Панама е застрелан лидерот на „Кавачки клан“, Радоје Звицер

Вечерва во околу 20 часот наводно бил застрелан водачот на „Кавачкиот клан“, Радоје Звицер во Панама.

Според првичните информации Звицер бил застрелан во изнајмената вила во Панама и се бори за живот.

Звицер бил во друштво на блискиот соработник Б.М. за време на инцидентот, а сè уште нема потврда од полицијата.

Досега врз Звицер биле направени неколку атентати, а пред две години бил изрешетан сред бел ден во близина на својот стан во Киев.

30.09.2022 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа