Во Куманово девет новозаболени од Ковид-19, во Липково двајца

Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира 11 новозаболени пациенти од Ковид -19. Девет од новозаболените се од општина Куманово и две лица се од општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

-Дел од регистрираните случаи во Куманово се новозаболени, а има и лица кои имале контакт со веќе заболен член во семејствата-изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 62 тестови од нив, 17 по „Мој термин“, останатите се направени согласно епидемиолошки индикации и дел се контролни тестови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа