Во Франција продадени 100.000 примероци на Плејбој, поради голите фотографии на министерката
Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на магазинот Плејбој со министерката Марлен Скиапа на насловната беа продадени за три часа, изјави директорот Кристоф Флорентин.
Тој додаде дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци.
Вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на Плејбој.
Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не беше гола, но списанието сепак беше распродадено, очигледно поради нејзиното интервју.
Скиапа беше многу критикувана во Франција затоа што се согласила да се фотографира за Плејбој. Веста дека нејзината фотографија ќе ја краси насловната страница доаѓа во време кога француската влада се соочува со гневни демонстранти против пензиските реформи.
Министерката за социјална економија, Скиапа позира во бел фустан на фотографиите на Плејбој и зборува за феминизмот и правата на жените. Таа во интервјуто го брани правото на жените „да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат“.
„Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите што ги сакаат, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание“, рече таа и откри дека е горда затоа што напишала еротска литература.
Во интервјуто таа одговара на прашања од типот: „Дали политиката е љубезна?“, „Дали чувството на моќ е задоволство? и “Дали се сметаш себеси за искушувач?”
Министерката задолжена за родова еднаквост Изабел Ром ја критикуваше одлуката на нејзината колешка да даде интервју за Плејбој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа