Во БиХ загина семејство од Србија
Четири лица од Србија загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата вечерта кај Прњавор. Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, тие се членови на исто семејство.
Независне новине објави дека е утврден идентитетот на сите жртви кои загинаа во сообраќајната несреќа кај Прњавор.
Сите жртви биле во автомобил „пежо“, а според овој медиум се работи за Александар Јовановиќ (19) од Мачванска Митровица, Видосава Јовановиќ (49) од Кленак, Рума, Дејан Јовановиќ (23) од Мачванска Митровица и едно дете (7 ) од Мачванска Митровица.
Трагедијата се случила околу 20 часот и 30 минути на магистралниот пат Прњавор – Дервента во градот Штрпци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа