Внук ја убил својата баба во Ново Лисиче

 

Од скопското обвинителство информираат дека 28-годишен скопјанец е осомничен за убиство на својата баба. Тој е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

-На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, векат од Обвинителството.

20.01.2024 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега