Внимавајте: На овој патен правец има голем одрон на двете коловозни ленти

На 112 во ЦУК, е добиена пријава за одрон на коловоз на патниот правец Прилеп кон Кавадарци, помеѓу тунелот и село Дреново, соопшти ЦУК.

„Одронот е на двете коловозни ленти и преставува голема опасност за учесниците во сообраќајот. Регионалниот ЦУК Велес информираше дек веднаш ги известиле надлежните служби да излезат на терен, да ја увидат состојбата и да го отстранат проблемот, конкретно Македонија пат, при што ќе испратат итно екипа за расчистување на патот“, стои во соопштението добиено од ЦУК.

28.06.2024 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега