Внимавајте каде паркирате: Пајаците собраа 63 возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 63 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија властите.

Во периодот од 29.07. до 04.08.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 63 непрописно паркирани возила. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

05.08.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега