ВМРО-ДПМНЕ:Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра

 

Економијата не генерира раст. Со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра.

Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра од БДП.

Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики.

СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст.

Наместо на развој на економија СДСМ се насочи на криминал, корупција и рекет. 

Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега