ВМРО-ДПМНЕ: Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение до јавноста истакан дека власта рамнодушно и со паушални ветувања го дочекала новиот податокот за високиот број на невработени.

-Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место, а Заев смислува кадровски распределби кој на која директорска функција ќе биде во државата од партиските работници, додека Македонија се ближи до економското дно. Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли додека 40.000 луѓе ново невработени немаат ни за леб. Во вториот квартал од 2020 година, Македонија бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев не знае како да донесе развојна економија.

-Брановите на отпуштања ќе продолжат и економијата ќе продолжи да тоне, заради преголемите лаги на СДСМ и изманипулираните граѓани кои веруваа во 500 евра плата и подобар животен стандард. На изборен поткуп се потроши милијарда евра оваа влада, а ниту стопанството се спаси од криза, ниту граѓаните имаат повеќе пари, единствено само сиромаштијата е зголемена. Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ. Бизнисмените молат за помош, лозарите се игнорираат, текстилците се на работ на преживување, а секојдневните масовни протести низ градовите заради зголемување на цената на електричната енергија се вистинскиот лик за оваа влада која нема идеја како да ја води државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега