ВМРО-ДПМНЕ: СДС жали по времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола по 27 часа на ден

 


СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС знаат колку ја ограбиле државата и народот и затоа ја напаѓаат Божиновска, мислејќи дека така никогаш нема да се дознае.

СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.

СДС свесно манипулира. Во нивно време од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови.

СДС жали по времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола по 27 часа на ден.

СДС знае дека следува одговорност и затоа се во страв и сеат лаги за Божиновска. Неспособноста заврши со нив“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

09.10.2024 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега