ВМРО-ДПМНЕ: СДС пироманска се виновни за пожарот на Универзална, дали фирмата која гради е блиска до нивниот врв?


СДС пироманска да не наоѓа изговори и да прифати одговорност за пожарот на Универзална сала, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не очекувавме од СДС дека веднаш ќе прифатат вина, сепак тоа е партијата чија влада кажа дека кабелот е крив за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде живи луѓе изгореа и нема одговорност.

СДС лажеа дека ќе ја реновираат Универзална сала, 7 години ги лажат Скопјани.

Симболот на постземјотресно Скопје е  оштетен и главна вина за тоа носи Ковачевски и Бисера Стојчевска.

Салата стои оградена како руина, нема одговори какви материјали се вградени, кој е изведувач, кој е надзор.

Што крие власта и дали всушност крие фирма блиска до врвот на СДС?

Одговорност мора да има. Промените доаѓаат. Македонија повторно ќе биде горда“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

09.04.2024 - 16:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега