ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ спорат само ако тие не се вклучени во некоја народна кражба
СДС и ДУИ спорат само ако тие не се вклучени во некоја народна кражба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За СДС е спорно само кога се потпишуваат легитимни и легални договори за реални потреби.
Само да ги потсетиме СДС и ДУИ со мала ретроспектива.
Ретроспективата на договорите на Пуцко петрол го говори следното.
СДС само нека се врати на времето кога нивен градоначалник на град Скопје беше Петре Шилегов.
Така по доаѓање на функцијата кон крајот на 2017, веќе во 2018 почнува да работи на зголемување на имотната маса на Пуцко петрол.
Само во јуни 2018 години ЈСП Скопје со компанијата од Пласница склучува договор за набавка на дизел гориво вреден над 15 милиони евра, во октомври 2020 Пуцко Петрол повторно добива работа од ЈСП и тоа во вредност од над 13 милиони евра.
Во 2018 година „Пуцко петрол“ го има најголемиот тендер за набавка на деривати од ЈСП Скопје кој е вреден повеќе од 13 милиони евра.
Пуцко петрол за 2018 година може слободно да се нарече и почестен снабдувач со горива на ЈП Комунална хигиена Скопје со кое во декември склучува договор вреден 1,2 милиони евра.
Нафетена компанија Пуцко петрол била омилен снабдувач со нафта на ова јавно претпријатие и во 2019 година во која во ноември склучиле договор во износ од околу 1,7 евра, а исто така и во 2021 година со договор од околу 1,2 милиони евра, склучен во октомври.
Ова е само еден многу мал дел на тендери кои СДС, ДУИ ги давале на омилената Пуцко Петрол.
СДС кога брои нека брои точно и нека го погледне својот двор односно дадени тендери на омилената фирма од Пласница.
ВМРО-ДПМНЕ склучува само договори и работи само во интерес на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа