ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија

 


Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така нелогично е што СДС и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ.

Воедно како СДС и ДУИ немаше желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче.

Ние сме да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да пробуваат да печалат политички поени“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

27.03.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега