ВМРО-ДПМНЕ: На Заев патот до ЕУ води преку Панама, а завршува со анти-ЕУ, бизнисменот Дака и криминал со 2 000 станови

СДСМ и Заев се тие кои се против Европската Унија за да може да крадат и да не одговараат. Тие се се што е спротивно од она што претставува европска вредност, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ.

-Зоран Заев и СДСМ се против Европската унија затоа што склопуваат бизнис зделки со анти-ЕУ бизнисмени во вредност од 200 милиони евра во Тетово. Зоран Заев и СДСМ се против Европската унија затоа што ја поскапеа електричната енергија и на шверцерски го осиромашуваат народот. Тие се против Европската унија, затоа што се мафија која 4 години не држи надвор од Европската Унија и исто време се претставуваат како лажни европејци, а во исто време не престануваат да крадат и лажат, распродаваат, понижуваат и засрамуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од партијата досаваат дека Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемот, Заев е проблемот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега