ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот дух е неуништлив

 

11 Октомври нека биде потсетник дека македонскиот дух е неуништлив, секој од нас има одговорност да ја брани и гради Македонија. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!, порачуваат во честиткат испратено до јавноста испратена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„На овој голем ден, го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор, кога на 11 октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово, храбрите македонци го кренаа првиот удар за слобода. Овој херојски чин ја означи одлучноста на нашиот народ да се избори за својата слобода и достоинство.

11 Октомври не е само симбол на востание, туку и на вековната борба на македонскиот народ за слобода, правда и независност. Тоа е денот кога нашиот народ одлучи да го крене гласот против угнетувањето и да го започне патот кон самостојна и суверена Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, како чувар на националните интереси, е горд наследник на тие идеали и продолжува борбата за силна, горда и непокорена Македонија. Денес, повеќе од кога било, е време да ја браниме нашата татковина од новите предизвици и да го продолжиме патот на нашите предци, со сила, решителност и верба во светла иднина.

Нека 11 Октомври биде потсетник дека македонскиот дух е неуништив, дека нашата земја има иднина и дека секој од нас има одговорност да ја брани и изградува. Македонија ќе победи!

Честит празник!“, порачаа од владејачката партија.

11.10.2024 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега