ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев на чело економски потона

Со Владата предводена од СДСМ имаме историски најголем пад на БДП од 12.9%, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Заев добивме одлив наместо прилив на инвестиции, помала наплата на даноци и 40.000 невработени граѓани. Додека европските земји во пандемија ја намалија струјата, и нудат помош за граѓаните, Зоран Заев и мафијата на власт ја покачија струјата за да ги полнат сопствените џебови. Македонија со СДСМ доби пропадната банка. Стотици штедачи се оставени без своите пари. Поради лошите мерки на власта се затвораат конфекции, секојдневно се отпуштаат работници во текстилната индустрија, а компаниите се пред банкрот, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека Заев лаже дека се бори против криминалот, тој единствено го прави и додаваат дека Владата, мафијата и криминалот, кои имаат едно имe време е да паднат. Или мафија, или Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега