ВМРО-ДПМНЕ: Груби ја користел позицијата за да се богати - заврши времето „како досега“

 

„СДС и ДУИ го партизираа судството, функционерите на СДС и ДУИ ги злоупотребувале функциите од позиција на политичка моќ поради сопствени лукративни причини. Борбата на СДС и ДУИ е борба за контрола на судството, за заштита на крупниот капитал кој што го стекнале на криминален начин. Корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот како и протекционизмот цветаа во време на СДС и ДУИ, додека довербата во судскиот систем беше 2 %, а владеење на правото и правдата за СДС и ДУИ ниту како поим не постои“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доказ за тоа е Артан Груби, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби влијаел врз судски процес и за тоа земал мито. Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ, за лично да се богати од мито и корупција. Таквото делување е синоним за начинот на работа на СДС и ДУИ. Делувањето на СДС и ДУИ и нивната борба за власт под превезот за демократија, владеење на правото и правдата е всушност борба на СДС и ДУИ за заштита на нивните функционери од криминалните активности и заштита на крупниот криминал стекнат на коруптивен и криминален начин“, додаваат од партијата.

Како што велат, СДС и ДУИ се разоткриени, за таквото делување одговорност мора да има.

„Времето на „како до сега’’ заврши. Време е за сериозна борба против криминалот и корупцијата. Време е за системски решенија за трансформација на судските органи во независни, транспарентни и одговорни субјекти. Време е за демократија, владеење на правото и правдата во Македонија“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

17.12.2024 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега