ВМРО-ДПМНЕ: Бислимовски е незаконски претседател на РКЕ

Марко Бислимовски не е независен и професионален, тој е партиски функционер на СДСМ, кој ги исполнува барањата и желбите на Зоран Заев. Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско-социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Марко Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. Марко Бислимовски е функционер во политичка партија. Самото именување на Марко Бислимовски за претседател на РКЕ е кршење на Законот за енергетика. И тука одговорност сноси предлагачот.

Марко Бислимовски е незаконски претседател на РКЕ. Според чл.19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика кој вели дека претседателот на РКЕ може да биде разрешен доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и независност. Бислимовски тоа го направил, со самиот факт што е член на партиски орган и со тоа партиски функционер. Бислимовски е старото лице на СДСМ. Партиски функционери кои се продаваат за независни експерти, а работат исклучиво за свој џеб на штета на народот. Заев и СДСМ не се решение за проблемот тие се проблемот. Заев и СДСМ мора да паднат“, соопшти СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега