Владата се подготвува за поскпувањето на струјата: Се активира и третиот блок во РЕК Битола

 

Владата дала налог да се активира триот блок во РЕК Битола за да го зголеми домашното производство на електрична енергија и да се спречи евентуална енергетска криза.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски вели дека засега нема причини за корекции на цената на електричната енергија, а РКЕ се бори да ги задржи снабдувачите и врши притисок тие да си ги завршат обврските што ги презеле кон компаниите кои ги снабдуваат.
Сепак, премиерот денеска потврди дека е даден налог за вклучување на третиот блок на РЕК Битола за Македонија да произведува повеќе струја како би се одговорило на очекуваниот ценовен шок.

„Даден е налог, денеска мислам дека е објавен тендер за вклучување на третиот блок, бидејќи обично РЕК Битола работи со два блока, сега го вклучуваме и третиот блок, се со цел да генерираме политики со комплетно менаџирање со помош кон компаниите и јавните институции. Ајде јавните институции во буџетите ќе ставиме повеќе пари за да може да платат поскапа струја и тоа ќе го решаваме во периодот кој доаѓа пред нас. Но на компаниите треба да им помогнеме, јас верувам дека ќе изградиме сериозни капацитети токму со вклучување на третиот блок кој што значи употреба на дополнителни 1,8 милиони тони јаглен дополнително за производство на електрична енергија во период кога имаме вакви циркулации за електрична енергија.“ – рече Заев.

 

05.10.2021 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега