Владата: МВР и МОН усогласија мерки и упатства за јакнење на безбедноста на училиштата

 

Денеска, во Владата на Република Северна Македонија се одржа координативен состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Темата на средбата беа безбедносните мерки кои се преземаат од страна на институциите во врска со справувањето со хибридните закани.

На состанокот, од страна на министерот Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски беше презентирано новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација односно сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Покрај ова, МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.

Дополнително, мерките и активностите кои МОН веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта. Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта на територијата на Република Северна Македонија, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес. Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста.

03.03.2023 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега