Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес на патен Коридор 10д

Владата денеска ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп - Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат Прилеп - Битола е околу 40 км. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти, соопшти владината прес-служба.

14.11.2023 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега