Влада: Од денес стартува исплатата на минималната плата од 18.000 денари
Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава, информираат утрово од Владата преку писмен допис до медиумите.
-Владата на Република Северна Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте.
Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни, се вели во нивното соопштение.
Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2%, а за период 2016-2022 година 78,6%, информираат надлежните органи.
01.04.2022 - 09:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа