Влада: Изминатото деноноќие произведени 18.491 мегават час, немаше увоз на електрична енергија

 

АД ЕСМ вчера произведе 18.491 мегават час електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 10.944, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 7.547 мегават часови електрична енергија.

-Во изминатото деноноќие AД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, нагласуваат од Владата

04.01.2023 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега