Влада: Исплата на пензиите од 25 април

 

Владата на Република Северна Македонија Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година.
Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.04.2023 година, а се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа - од 25.04.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, по распоред според висината на пензијата и тоа:
 
• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година (петок).
18.04.2023 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега