Влада и МНР без коментар за провокациите на Џамбаски и Костадинов

 

Сѐ уште нема никаква реакција од македонското Министерство за надворешни работи, ниту од Владата по денешните провокации среде Скопје од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Двајца политичари кои според премиерот Димитар Ковачевски, се непожелни во Македонија.

Над 200 луѓе од Бугарија, со знамиња, скандирања „Македонија е бугарска“ и постери со ликот на Цар Борис Трети среде Скопје ја одбележаа 95-годишнината од смртта на Мара Бунева.

По Црковната богослужба во Св. Димитрија во центарот на Скопје, присутните се упатија кон спомен плочата на Бунева на градскиот кеј.

Поворката, во првиот ред ја предвоше бугарскиот европратеник Џамбаски. Негира дека настанот е провокација. Вели, во Скопје дошле со партиските наместо државното знаме. Побара да престанат како што вели, притисоците врз Бугарите во земјава.

 

14.01.2023 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега