Високи температури измерени вечерва во Македонија

УХМР објави кои биле максималните температури во земјава измерени вечерва во 20 часот.

Според нивните информации, највисока температура од 22 степени Целзиусови се измерени во Прилеп, Крива Паланка и Штип.

Денеска времето беше сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималната температура во интервал од 22 до 28 степени.

Метеоролозите за утре претпладне најавуваат променливо облачно време, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 13 до 26 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец со максимална дневна температура од 25 степени.

До крајот на неделава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во четврток, кога ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот.

01.04.2024 - 21:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа