Викендов услови за првиот снег во Скопје

Викендов први услови за снег во Скопје, но веројатно само на Водно и на Скопска Црна Гора. Според последните прогнози, влажниот бран кој доаѓа попладнево ќе се задри и за време на викендот а ноќта во петок кон сабота се најавуваат услови за снег но на надморска висина над 700 метри.
По дождот во попладневните часови денеска, за утре се очекува стабилизација но од петок повторно облачно време и врнежи од дожд.
Во сабота се очекува и значително намалување на температурите па дневните нема да надминат 7 степени, а наутро се очекуваат температури околу нулата.
Веројатно од викендов ќе почне вистинската есен бидејќи веќе нема да има температури на десетина степени во текот на денот а утринските постепено ќе се намалуваат.
Како што сега изгледа долгорочната прогноза, услови за снег ќе има и на почетокот на декември.


15.11.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега