Викендов подгответе се за големо разочарување, но и за температурен шок

 

Во сабота попладне ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина, соопшти УХМР.

Според нив, утре максималната температура во Македонија ќе се искачи до 24 степени, што значи дека утре ќе имаме најтопол ден за оваа година.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури.

24.03.2023 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа