ВИДЕО: Возач загубил свест додека возел училишен автобус, храбар ученик спречил трагедија
Седмоодделенец во Мичиген го спречил својот училишен автобус да излета од патот, откако жената што го возела се онесвестила.
Кога Дилон Вилс видел што се случило со возачот, решил да ги преземе работите во свои раце и да ги спаси своите пријатели.
Директорот на средното училиште во кое момчето учи го пофали Дилон и неговиот потег го нарече многу зрел.
За време на возењето, жената која била зад воланот почувствувала вртоглавица и веднаш ја предупредила базата дека не се чувствува добро и дека ќе застане на една од станиците за да ја замени некој од колегите.
Но, таа не издржала до таа станица бидејќи се онесвестила. Автобусот почнал да скршнува од патот, а Дилон веднаш го фрлил ранецот и истрчал до возачкото седиште.
Момчето го фатило воланот во раце, а потоа успеало да го запре автобусот на сред пат.
На видеото што го објави полицијата, се гледа како Дилон ја презема контролата над воланот, полека ги притиска сопирачките, а потоа им кажува на другите сопатници во возилото да повикаат помош, пишува CNN.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа