(ВИДЕО) Ванг за Сител: Стабилноста на државата и достапноста на работната сила беа важни причини за инвестиција

 

Генералниот директор на ЈАГЕО, Дејвид Ванг во „Тема на денот“ на Сител ТВ рече дека компанијата ќе инвестира 205 милиони евра во Македонија и ќе отвори нови 3900 работни места од повеќе области.

Ванг рече дека пред да ја започнат инвестицијата и да се одлучат за Македонија направиле детални истражувања.

-Се одлучивме за Северна Македонија поради две клучни причини. Прво поради тоа што Севена Македонија за нас не е нова, ние оперираме таму повеќе од 10 години. Во овој период се стекнавме со одлично искуство, многу пријателски однос од Владата, тие беа од голема помош, стабилноста на државата и многу важно квалитетот и достапноста на работаната сила. Ова добро искуство е навистина од помош.-додаде Ванг.

Според Ванг, компанијата и Владата во измнинатата половина година имале многу дискусии. Од Владата биле големи поддржувачи и посветиле големо внимание на овој проект.

-Какво прашање и да го имавме тие се обидуваа да го одговорат и решат. Овој позитивен став ни даде висок степен на доверба и мислам дека тоа е клучниот фактор за да се одлучиме на ваков чекор.-изјави Дејвид Ванг.

Цело интервју погледнете го тука.

 

 

 

19.04.2023 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега