ВИДЕО: Урнати згради во силен земјотрес што ја потресе Кина, повредени 21 лице
Најмалку 21 лице е повредено, а 126 згради се урнале по земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг, јави кинеската државна телевизија, цитирана од Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот се почувствувал во 2 часот и 33 минути по локално време. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на областа Пингјуан во градот Дежоу, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар.
Кинеската железничка компанија запре некои возови, вклучително и на релација Пекинг-Шангај, поради земјотресот, објави државната телевизија.
Земјотресот бил почувствуван дури и во градовите Пекинг и Шангај, на околу 800 километри од епицентарот. Земјотресите не се невообичаени во Кина, но тие ретко го погодуваат источниот дел на земјата, каде што живее најголемиот дел од населението и се наоѓаат поголемите градови.
Видеото може да го погледнете тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа