ВИДЕО: Украински камикази дронови го нападнаа Крим, дали почнува украинската пролетна офанзива?

Руско складиште за нафта во Севастопол утрово мета на голем напад. Украински камикази дронови наводно стојат зад големиот напад на Крим, кој е под руска окупација. Овој напад би можел да го означи почетокот на големата украинска контраофанзива, со оглед дека украинските челници и медиуми во повеќе наврати најавуваа дека почетната точка на најавената пролетна офанзива би можел да биде токму полуостровот.

По нападот со беспилотни летала следуваше страшна експлозија, пишуваат руските медиуми кои информираат дека над градот се издига оган и густ црн чад.

За гаснење на пожарот испратени се голем број противпожарни единици.

Ова не е првпат цели на Крим да бидат нападнати од украински беспилотни летала, а властите во Киев со месеци подготвуваат офанзива за да ја вратат контролата врз полуостровот, кој во 2014 година беше окупиран од Русите.

29.04.2023 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега