(ВИДЕО) Украина објави снимка од руската евакуација во нуклеарната централа: „Спакувајте се, заминете“

 

 

Русија нареди принудна евакуација на населението во привремено окупираниот Токмак, во областа Запорожје, напиша на Твитер Антун Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи и објави видео од евакуацијата.

„Ова е општа евакуација. Спакувајте се и заминете“, се слуша гласот на војникот на видеото.

Русите почнаа масовна, како што велат, „привремена евакуација“ на населението од 18 населени места во окупираната област Запорожје, вклучувајќи го и градот Енерходар, каде што се наоѓа најголемата нуклеарна централа во светот.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е сè понеизвесна и потенцијално опасна, а нивните експерти, кои се наоѓаат во нуклеарната централа исто така се известени за евакуација на населението, но тие сепак остануваат таму.

08.05.2023 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега