ВИДЕО: Украина ја нападна Москва со дронови, затворени аеродроми

 

 

Трите најголеми аеродроми во Москва рано утринава го прекинаа пристигнувањето и полетувањето на авионите, јави руската новинска агенција ТАСС.

„Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово“, рече неименуван функционер.

„Влезните летови се запрени, а појдовните летови се одложени“, додаде тој.

Вчера и денеска Русија извести за серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека руската армија рано утринава соборила две борбени беспилотни летала западно од главниот град на Русија.

Беспилотните летала беа соборени над градот Красногорск и населбата Части, рече тој.Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата синоќа околу 23 часот по локално време соборила две украински беспилотни летала над Црното Море, на 40 километри северозападно од Крим. Исто така, известија за две соборени беспилотни летала рано утринава во областа Брјанск што граничи со Украина.

 
22.08.2023 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа