(ВИДЕО) Спречен обид за нелегално внесување девизи – скриени под акумулатор

 

 

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата.

-До каде оди „креативноста“ на шверцерите?, напиша Директорот на Царинска управа Стефан Богоев на Фејзбук.

-Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат 7000 евра под акумулаторот во едно возило, додаде тој.

Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

13.12.2023 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега