(ВИДЕО) Спасовски: Во 2023 година ни треба реформа на умот

 

На прагот сме да ја пречекаме Новата 2023 година со нова надеж. Бидејќи велат, со каква енергија ќе ѝ посакаме добредојде, таква енергија ќе ни донесе во секој нов од 364-те денови. И, секако, да ја испратиме 2022, како година на големи очекувања, уште поголеми предизвици и реформи во глобални рамки и, секако во национални рамки, вели во честитката за Новата година министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во суштина, посочува Спасовски, само што здивна од пандемијата со корона вирусот, светот се соочи со нови кризи, пандемија од дезинформации, но и закани за мирот, стабилноста и безбедноста, миграции и климатски промени, а особено со закана од тероризам и насилен екстремизам, кои веќе ја менуваат визурата на нормалното секојдневје.

– Но, барем се обедини во ставот дека новото нормално изискува широк фронт, наше заедничко делување, посветеност и обединување во меѓународната коалиција за борба против современите безбедносни предизвици и геополитички случувања.  И, тука почнува реформата на глобалната свест, истакнува министерот.

Во национални рамки, пак, потврда за веќе спроведените реформи, но и ветер во грб за оние што ни претстојат, смета Спасовски, беше почетокот на пристапните преговори на земјата со ЕУ, очекуван цели 17 години во чекалницата на кандидатите. Отпочнувањето на скринингот на европското законодавство, како прв чекор во процесот, ги максимизира напорите институциите да одговорат на очекуваното. Покажа, подвлекува Спасовски, дека како држава имаме потенцијал да одговориме на барањата кога перспективите се светли и јасни, кога затвореноста ја заменуваме со европско семејство, подготвено да помогне, да насочи, да охрабри и поттикне…

Како резултат на тоа, потсетува, ја имав честа како министер за внатрешни работи да ги потпишам и првите два документи со Европската Комисија, првиот Договорот со Фронтекс, а вториот поврзан со Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан.

Спасовкси се осврнува и на реформите во  МВР.

30.12.2022 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега