ВИДЕО: Со факели осветлена Националната арена за спас на Вардар

Со факели осветлена Националната арена Тодор Проески за Спас на фудбалскиот клуб Вардар.

На овој начин беше означен успехот на акцијата „Спас за Вардар“ преку која беа продадени 32.000 билети.

-Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот. Билетите беа продадени онлајн, а настанот согласно ковид протоколите, беше одржан без публика. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје како општествено одговорна фирма и поддржувач на македонскиот фудбал, даде активен допринос во организирањето на настанот, велат од АДСДП, или познато како ПУИК.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега