ВИДЕО: Снег во април - снежна покривка во регионот

Снежно невреме ja зафати Србија.

Во западниот дел на земјата има дебела снежна покривка. Во планинските села во Ивањица наврнале дури 40 сантиметри нов снег. Снег ја зафатил и општината Нова Варош, каде е формирана нова снежна покривка од неколку десетици сантиметри. Вкупно 10 сантиметри снег паднаа за 24 часа на Врачар, а на Копаоник само 4 нови сантиметри, а покривката на оваа планина достигнува скоро еден метар. Најдоцниот снег забележан во Белград во последните стотина години паднал на 11 мај 1953 година. На годишно ниво Белград е просечно околу 39 дена под снежна покривка.

Максималниот број денови со снежна покривка е забележан во 1940 година и изнесувал 98 дена. Од вчера Балканот е зафатен со студен бран, придружен со снег, мраз и ниски температури, што ќе се задржат до крајот на работната недела. Во текот на вчерашниот ден, во Загреб паѓаше снег, а во другите делови на Хрватска се задржа дождливо време. Снег деновиве паѓаше и во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа