ВИДЕО: Се појави снимка од кавгата на Ѓоковиќ и новинар кој го предупредил за однесувањето: „Тогаш зошто не ме суспендираат“

Светот овие денови е во чудо, откако Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен во финишот на првиот сет од осмина финалето со Шпанецот Пабло.

Јавноста е со поделено мислење, некои ја оправдуваат постапката на челниците, а некои ниту малку не се согласуваат со тоа и сметаат дека казната била пресурова.

Социјалните мрежи се преполни со снимки од „немилиот настан“ за Ѓоковиќ, а ова е една постара снимка која повторно се прошири низ светот и стана вирална.

Станува збор за еден постар разговор од мастерс во Лондон, а новинар од „Daily Mail“ кој што поставува прашања е познат по тоа што сака да влегува во „конфликт“ со играчите.

Новинарот инсистирал на детали од натпреварот во кој што Новак триумфирал, а кога тој, повторно во момент на нервоза по завршување на натпреварот го удрил топчето на теренот:

Меклиман: Што би направиле кога топчето кое што го удривте денеска, би погодило некој?

Ѓоковиќ: Вие луѓето сте неверојатни!

Меклиман: Зошто неверојатни?

Ѓоковиќ: Секогаш избирате вакви работи, тоа е неверојатно…

Меклиман: Вие продолжувате да го правите тоа.

Ѓоковиќ: Јас продолжувам да правам такви работи? Зошто тогаш не ме суспендираат?

Меклиман: Би рекол дека сте близу до тоа, зарем не?

Ѓоковиќ: Близу сум? И понатаму не сум суспендиран. Доколку не сум близу, не сум!

Меклиман: Доколку погодевте некој од гледачите би можело да биде сериозно.

Ѓоковиќ: Би можело да биде, сигурен сум. Можеше да врне и снег во арената, но не беше така.

Меклиман: Тоа само кажува за вашето размислување…

Ѓоковиќ: Значи, јас сум единствениот играч кој што ги искажува своите фрустрации на терен, тоа сакате да кажете?

Меклман: Вие сте најдобро рангираниот тенисер на светот…

Ѓоковиќ: Па?

Меклиман: Ве прашувам: Дали според вас тоа е проблем?

 

Ѓоковиќ: Тоа не е проблем, ова не е првпат да го правам тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.09.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа