ВИДЕО: Се појави нова снимка во корист на Ѓоковиќ - топчето воопшто не ја погодило судијката

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ус Опен затоа што со топчето ненамерно ја погоди судијката, која, пак, сега најави дека е подготвена да тужи и да бара милионска отштета од Србинот.

Но, сега на социјалните мрежи се појави ново видео од другиот агол на теренот, кој не беше достапен  за време на преносот на натпреварот. На видеото се гледа дека топчето воопшто не ја погодува судијката, туку удира во ѕидот покрај нејзината глава и се одбива на теренот.

Фановите на Ѓоковиќ сметаат дека организаторот на турнирот досега се обидувал да го сокрие ова видео кое открива што навистина се случило. Тие бараат од Ѓоковиќ да поднесе тужба против Ус Опен кој веднаш го дисквалификуваше врз основа на претерано драматичната реакција на судијката Лаура Кларк.

Погледнете за што станува збор:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега