ВИДЕО: Потоп во Црна Гора - улиците под вода
Силното невреме кое вчера ја зафати Далмација во Хрватска денеска дојде во Црна Гора. Обилните врнежи го закочија собраќајот во Подгорица и во крајбрежните градови, пренесе српски Курир. На страницата „Подгорички времеплов“ е прикажана дел од катастрофата.
Како што посочуваат од тамошниот Институт за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора (ЗХМС), под влијание на циклони од северниот делна Јадранот и Северна Италија, во текот на наредната недела се очекуваат есенски денови пропратени со чести врнежи од дожд, врнежи и грмежи, особено во понеделник и петок, кога на повеќето места ќе има обилни врнежи, а можни се и локални поројни поплави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа