ВИДЕО: Полицијата уште вечерва ја обезбедува салата „Борис Трајковски“ за утрешната трибина на СДСМ
Полициски службенци уште вечерва ја обезбедуваат спортската сала „Борис Трајковски“ пред утрешната трибина на владејачката СДСМ. Ова доаѓа по се почестите дојави за бомби во училишта, државни, но и приватни објекти, главно во Скопје.
Како што објави „А1он“, објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава да не мора присутните да се вадат надвор од трибината.
Ова е првпат да се примени ваква мерка на обезбедување на објект по дојавите за бомби.
16.12.2022 - 21:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа