ВИДЕО: Паднаа командир, неговиот заменик и осум полицајци на Табановце - парите ги криеле во кутии цигари
Порталот „А1он“, повикувајќи се на свои извори, пренесува дека во големата вчерашна акција на ГП Табановце биле уапсени командир, заменик командир и осум полицајци.
Претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.
Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.
Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, пишува порталот.
Уапсените негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. Од МВР официјално се уште се немаат огласено во врска со случајот, а се очекува деталите да бидат изнесени денеска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа